APPROVAL OF CHANGED AND CORRECTED VEHICLES ("A-TESTS")
Возила кои подлежат на одобрување според Правилникот за Одобрување на преправени и поправени возила (Службен весник на Република Македонија бр. 7/2010).
- Испитување поради одобрување на преправени возила се врши на возило
- кое поради промена, или реконструкција, или преадаптирање на матично или претходно надградената каросерија, односно доопремувањето со соодветни уреди се преправа, од еден вид во друг вид, или варијанта или изведба (од товарно во патничко и обратно, од отворено во затворено и обратно и сл.);
- на кое е реконструирана постоечката каросерија во однос на димензиите, или конструкцијата, или материјалите од кои е изработена, при што, возилото не го менува ниту видот, ниту варијантата, ниту изведбата;
- на кое е променета матично, односно претходно надградената кабина со кабина од друга изведба, а од ист или друг произведувач, или пак на кое постоечката кабина е реконструирана во однос на изведбата или бројот на седишта, односно легла;
- на кое е променет бројот на седишта со дополнително вградување или отстранување на седишта од внатрешноста на каросеријата, или е променета насоката на поставеност на седиштата;
- на кое е реконструирана самоносечката каросерија, односно носечката рамка во однос на конструкцијата, димензиите, или материјалите за градба;
- на кое е променет вкупниот број, или вид, или тип на оски (мостови), или погонски оски (мостови), или управувачки оски (мостови) или тркала;
- на кое е преправен или системот на работно кочење, или системот за помошно кочење, или системот за паркирано кочење, или системот за долготрајно забавање (ретардерот-забавачот) во однос на видот, типот, или изведбата, односно бројот на составните делови кои влегуваат во неговиот состав;
- на кое е преправен системот за еластично потпирање во однос на видот, типот, или изведбата, односно бројот на составните делови кои влегуваат во неговиот состав;
- на кое е преправен системот за управување во однос на видот, типот, или изведбата, односно бројот на составните делови кои влегуваат во неговиот состав, или пак на кое е променета положбата на управувачот, или доколку е вградено друго управувачко тркало со ист или со различен пречник од она кое го вградил производителот;
- на кое е променет матично, односно претходно вградениот погонски мотор со мотор од друг вид или тип, или со мотор кој има други карактеристики (силина, или работна зафатнина, или еколошки параметри итн.
- на кое е променет матично, односно претходно вградениот погонски мотор со поединечно составен мотор од поединечно набавени елементи и уреди;
- на матично, односно претходно вградениот погонски мотор е преправен во однос на видот, или типот, или карактеристиките (силина, или работна зафатнина, или еколошки параметри итн.), или бројот на неговите уреди (карбуратор, односно пумпа за впрскување, или турбополнач, или систем за палење, или издувен систем итн.);
- на кое е променет или преправен некој уред (состав) од трансмисијата, т.е. или главната спојка, или менувачот на брзини, или разводникот на силина, или карданските вратила, или главниот преносник со диференцијалот, или полувратилата, и тоа во однос на видот, типот, изведбата, или карактеристиките;
- на кое е променет или преправен издувниот систем од аспект на видот, или типот, или распоредот или присутноста на неговите составни делови, во однос на системот кој е одобрен за тоа возило;
- на кое се преправени или променети или дополнително вградени (на места кои не се предвидени од производителот), уредите за осветлување на патот или уредите за означување на возилото, или уредите за давање светлосни знаци, или контролно-сигналните уреди, или електричната инсталација, и тоа во однос на положбата на возилото, видот, односно типот на вградените компоненти;
- на кое е променета положбата на возачкото место (од десна на лева страна или обратно), т.е. положбата на командите и контролно-сигналните уреди;
- на кое е променета положбата на погонскиот мотор или другите уреди од трансмисијата во однос на возилото;
- кое поради промена на некоја од неговите димензии, или бројот на оски (мостови), или системот за еластично потпирање, или опременоста со уреди итн., односно кое поради промената на изведбата на кабината, или положбата на управувачот, или опременоста со уреди за активна, пасивна и каталитичка безбедност итн. се преправа, од една варијанта во друга варијанта на типот или од една изведба во друга изведба во рамките на варијантата на истиот произведувач;
- на кое се променети некои од димензиите (растојанието на оските, или растојанието на тркалата, или препустите, или растојанието од тлото, или должината, или широчината, или височината итн.) во однос на матичната, односно претходната изведба;
- на кое се променети тркалата или пневматиците (конструкција или димензии) со тркала или пневматици кои не се одобрени;
- на кое со различни зафати (превртување на наплатките, вградување на одстојници-дистанцијали и сл.) се менува трагата на тркалата;
- на кое е променет нагибот на тркалата;
- на кое се променети пневматиците со пневматици со исти димензии но различна носивост и кои не се одобрени; и
- на кое се отстранети браниците.
- Испитување поради одобрување на преправени возила се врши и на возило во кое дополнително е вграден еден или повеќе уреди за извршување на некоја функција, како:
- уред за погон на возилото на компримиран или течен гас (АТЕСТ НА ПЛИН);
- команди поради адаптирање на возилото за управување од лице со посебни потреби;
- паралелни команди поради адаптирање на возилото за обука на возачи (авто-школи);
- уред за спојување на влечното и приклучното возило (приклучен уред -КУКА);
- дигалка, пумпа за преточување, платформа за натоварување и растоварување на превезуваниот товар, влечно витло и сл;
- разладен уред на товарниот дел од каросеријата поради обезбедување на посебни услови на превезуваниот товар;
- резервоар, односно резервоари за погонско гориво;
- уред за чистење на снег или земја, или пак уред за расфрлување на сол или песок по патиштата итн;
- држачи за резервното тркало, вградени на надворешната страна на возилото;
- решеткастштитник за светла, бришачи на светлата итн;
- уред на кука за стабилизација на едноосна приколка;
- заштитен уред во цврста изведба, сличен на "Hardtop", кој е составен дел на возилото и формира затворена возачка кабина;
- заштитни фолии или обоено стакло како заштита од сонце;
- систем за греење или замена на грејачите со друг тип;
- светосносни уреди (освен ако се вградуваат светла од одобрен тип и возилото во кое се вградуваат било одобрено и со такви светла);
- бришачи на светла (освен ако се вградуваат бришачи од одобрен тип и возилото во кое се вградуваат било одобрено и со такви бришачи); и
- други слични уреди.
- На испитување поради одобрување на поправено возило, подлежи секое возило кај кое, поради хаварија, дотраеност или друга причина, битно се поправа некој од матично вградените, односно, постоечките уреди, кои се суштествени од аспект на безбедноста во сообраќајот, како:
- самоносечката каросерија, односно носечката рамка;
- надградбата - каросеријата на возилото;
- уредите од системот за работно кочење, или системот за помошно кочење, или паркирната кочница, или уредот за долготрајно забавање на возилото (забавачот-ретардерот);
- уредите од системот за управување;
- уредите од системот за еластично потпирање;
- уредите на погонскиот мотор на возилото;
- уредот за спојување на влечното и приклучното возило; и
- други уреди кои имаат влијание врз безбедноста на возилото.
Back