APPROVAL OF CHANGED AND CORRECTED VEHICLES ("A-TESTS")

Постапката за одобрување на преправени и поправени возила се врши согласно Правилникот за Одобрување на преправени и поправени возила (Службен весник на Република Македонија бр. 7/2010).

Повеќе...

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

  1. Упатница за испитување на возило издадена од МВР (оригинал)

    Издавање на упатница за преглед на возило
    • Возилото врз кое е извршена преправка или поправка се носи на преглед во било која станица за технички преглед каде се издава Записник.
    • Врз основа на Записникот, на шалтерот на МВР во местото каде е издадена сообрќајната дозвола за возилото се издава упатница до Машинскиот факултет во Скопје, во која јасно и недвосмислено се наведува основата, односно причината заради која возилото се упатува на испитување заради преправка или поправка. Во Скопје ваков упат се издава на шалтерот на МВР - оддел за возила, сместен во зградата на МРТВ.

  2. Барање за спроведување на постапка за испитување на преправено/поправено возило во кое се внесува причината за испитување, според содржината од упатницата.
  3. Сообраќајна дозвола за возилото (фотокопија).
  4. Останати документи кои зависат од видот на преправката или поправката, а се добиваат, главно, од фирмата која ја врши преправката или поправката (елаборати, прилози, пресметки, извештаи од одделни испитувања, верификација на применетите методи за заварување и др.).

Поради карактерот на проблематиката која често опфаќа и многу специфични барања за необична изведба, техничката служба, во зависност од видот на возилото и преправката, може одредени барања да ги модифицира и насочи на начин така да документацијата мора целосно да ги задоволи барањата потребни за проверка испитувањето на самото возило.

При одобрување на возила со вграден уред за погон на ТНГ (плински уред) неопходни се следните документи кои ги издава фирмата која го врши вградувањето на уредот:

  • Табеларен преглед на вградените елементи од уредот за погон на ТНГ;
  • Фабричката шема на вградените електронски компоненти во уредот за ТНГ - издадена од вградувачот (само за возилата со мотори со впрскување на горивото)
  • Документ за резервоарот на ТНГ;
  • Фабричкиот документ за мултивентилот монтиран на резервоарот за ТНГ;
  • Фабричкиот документ за редуктор -регулаторот (испарувач) на ТНГ;
Image 1
Image 2
Image 3
Image 4

ПОСТАПКА:

  • Возилото и приложената документација се прегледуваат и странката се известува за натамошните фази во постапката и начинот на кој ќе биде информирана за превземањето на готовите документи. Странката се информира за начинот на плаќање за извршената услуга. ЦЕНОВНИК
  • Доколку врз основа на извршениот преглед на возилото од постапката се констатира дека постои целосна усогласеност со барањата за одобрување, според одредбите од Правилникот за Одобрување на преправени и поправени возила, Техничката служба на барателот му издава документ "Потврда за сообразност за преправено/поправено возило".
  • Во спротивно, доколку констатира дека возилото не ги исполнува пропишаните барања, техничката служба до барателот доставува известување за прекинување на постапката во кое се наведeни причините за прекинување.
  • Потврдата за сообразност за преправено/поправено возило се предава при регистрацијата на возилото.


ЗАБЕЛЕШКА:

Целокупната постапка за одобрување на возила се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.

Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.

Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.