Техничката служба за возила своите активности ги отпочна паралелно со почнувањето на наставата по моторни возила на Машинскиот факултет во раните 70-ти години од XX век.
Покрај практичните вежби по предметите од областа на возилата од самиот почеток се вршени разнородни испитувања на одделни карактеристики на возилата за потребите на, тогаш добро развиената, автомобилска индустрија во поранешна Југославија. Беа реализирани голем број проекти во соработка со значајни компании во поранешна Југославија:
Истовремено е започната соработка со низа познати европски и светски производители на возила како што се: Daimler AG, MAN, VOLVO, Iveco, Johnson Controls и други.