Постапката за идентификација на возилата се спроведува во рокови и за возила утврдени со член 24 од Законот за возила.
Идентификација и оцена на техничката состојба е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила, и визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи, како и проверка дали возилото не било преправено, односно поправано во согласност со член 19 од Законот за возила.
Постапката за идентификација и оцена техничката состојба на возилата се спроведува за нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип и поседуваат оригинален CОC (Certificat of Conformity), како и за возило за кое типот е одобрен во Република Македонија, односно за кои Органот за одобрување издал документ дека припаѓаат на одобрен тип, варијанта/изведба во Република Македонија.
Целокупните постапки за Идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба на возила се изведуваат во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.
Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.
Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.