ПОСТАПКА:
- Возилото и приложената документација се прегледуваат и странката се известува за натамошните фази во постапката и начинот на кој ќе биде информирана за превземањето на готовите документи. Странката се информира за начинот на плаќање за извршената услуга.
- Доколку врз основа на извршениот преглед на возилото од постапката се констатира дека постои целосна усогласеност со барањата за одобрување, Техничката служба до органот за одобрување, Биро за метрологија, поднесува извештај во кој се потврдува дека единечно прегледаното возило ги исполнува пропишаните барања.
- Во спротивно, доколку констатира дека возилото не ги исполнува пропишаните барања, техничката служба до органот за одобрување доставува известување за прекинување на постапката во кое се наведeни причините за прекинување. Известување за прекинување на постапката се доставува и до подносителот на барањето.
- Врз основа на добиено одобрение за единечно возило издадено од Органот за одобрување, Техничката служба на барателот му издава документ "Потврда за сообразност за единечно одобрено возило".
- Потврдата за сообразност на единечно одобрено возило се предава при регистрацијата на возилото.
- Одобрението за единечно возило се чува со возилото.
ЗАБЕЛЕШКА:
Целокупната постапка за одобрување на возила се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.
Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.
Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.