SINGLE VEHICLE APPROVAL ("HOMOLOGATION")

Постапката Единечно одобрување (“хомологација”) се спроведувa во следните случаи:

  • При увоз на возила (нови и половни);
  • Единечно произведени возила (приколки и сл.)
  • Возила преправени пред прва регистрација во Р. Македонија

  1. за возило за кое типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија, а за кое се исполнети барањата согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз негова основа.
  2. за уникатно возило, за возило за специјална намена, кое, како и за возило во последната фаза од повеќефазно одобрувањe за возилата опфатени со Правилникот за единечно одобрување на возила (Службен весник на Република Македонија бр. 16/2010) и неговите измени и дополнувања.
  3. за возило чиј што тип е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, или постои одобрение на типот во Република Македонија, но истото не било регистрирано, а е преправено, односно на возилото била извршена промена која:
    • ги опфаќа податоците кои се евидентираат во постапката за регистрација на возилото;
    • бара промена на категоријата на возилото;
    • влијае на одобрените составни делови, системи и самостoјни технички единици, односно
    • влијае или може да влијае на безбедноста на возилото.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

  1. Барање за извршување на техничкиот дел од постапката кое се добива во техничката служба
  2. Потврда за исполнување на техничките барања издадена од производителот, застапникот или од независна институција која е прифатена од органот за одобрување.
  3. Фотокопија од претходната сообраќајна дозвола со оргинал за увид
  4. Доказ за регулирани царински обврски
  5. Фотокопија од фактура, купопродажен договор или изјава за вредност со оргинал за увид
Image 1
Image 2
Image 3
Image 4

ПОСТАПКА:

  • Возилото и приложената документација се прегледуваат и странката се известува за натамошните фази во постапката и начинот на кој ќе биде информирана за превземањето на готовите документи. Странката се информира за начинот на плаќање за извршената услуга. ЦЕНОВНИК
  • Доколку врз основа на извршениот преглед на возилото од постапката се констатира дека постои целосна усогласеност со барањата за одобрување, Техничката служба до органот за одобрување, Биро за метрологија, поднесува извештај во кој се потврдува дека единечно прегледаното возило ги исполнува пропишаните барања.
  • Во спротивно, доколку констатира дека возилото не ги исполнува пропишаните барања, техничката служба до органот за одобрување доставува известување за прекинување на постапката во кое се наведeни причините за прекинување. Известување за прекинување на постапката се доставува и до подносителот на барањето.
  • Врз основа на добиено одобрение за единечно возило издадено од Органот за одобрување, Техничката служба на барателот му издава документ "Потврда за сообразност за единечно одобрено возило".
  • Потврдата за сообразност на единечно одобрено возило се предава при регистрацијата на возилото.
  • Одобрението за единечно возило се чува со возилото.


ЗАБЕЛЕШКА:

Целокупната постапка за одобрување на возила се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.

Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.

Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.