Оваа постапка се врши согласно со Правилникот за промени на возилата што не значат преправка и поправка и начинот на нивното евидентирање, како и формата и содржината на образецот на потврдата за вградување (Службен весник на Република Македонија број 94/2009) и е наменета за евидентирање на вградени одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема кои имаат Одобрение, а претходно не биле вградени на возилото, притоа нивното вградување не претставува преправка и поправка согласно закон. Вградувањето на системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема го врши правно или физичко лице што е регистрирано за одржување и поправка на возила.
Целокупната простапка за одобрување на возила се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.
Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.
Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.