Техничката служба за возила располага со објект од 2250 м2, сместен во рамките на кампусот на технички факултети на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Локацијата овозможува лесен пристап за сите видови возила со влез од Булеварот “8-ми Септември”и располага со паркинг кој може да прими до 50 патнички возила во исто време.
Прегледот се врши во хала со површина од 350 м2, која може да прими истовремено 6-10 возила. Опремата со која располага е најсовремена и овозможува извршување на голем број различни испитувања на возилата во сите сегменти на активностите на техничката служба.