СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА ВОЗИЛА ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ ("ADR")

Постапката за преглед и издавање на допументи за возилата за превоз на опасни материи се спроведува согласно со Законот за превоз на опасните материи во патниот и железничкиот сообраќај (Сл. Весник на Р. Македонија 92/2007, 147/2008 и 161/2009) и според меѓународната спогодба за превоз на опасни материи по пат, скратено ADR (European Agreement Concerning the International Carriage of Dangerous Goods by Road).

За возилата за превоз на опасни материи од видот EX/II, EX/III, FL, OX, AT и MEMU, според горенаведениот закон, е предвидено по првичниот позитивен преглед да се издаде Уверение за испитано возило како и Сертификат за одобрение за возило кое превезува соодветни опасни материи.

За останатите возила (возила кои превезуваат пакувани опасни материи, освен експлозивни), кои не припаѓаат на горенаведените видови, според Законот за превозот на опасните материи и ADR-от не се предвидени посебни сертификати. Таквите возила истотака треба да исполнуваат определени барања според ADR во поглед на нивната опременост. На барање на сопственикот или соодветна институција за таквите возила може да се издаде уверение за испитано возило.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

  1. Барање за извршување на техничкиот дел од постапката кое се добива во техничката служба;
  2. Фотокопија од сообраќајнатa дозвола со оригинал за увид (за возилата што претходно биле регистрирани);
  3. Фотокопија од Сертификатот за одобрение за возило кое превезува опасни материи и оригинал на увид (при периодичен преглед);
  4. Фотокопија од документацијата за возилото (само при првичниот преглед на возилото)
Image 1
Image 2
Image 3
Image 4

ПОСТАПКА:

  • Возилото и приложената документација се прегледуваат и странката се известува за натамошните фази во постапката и начинот на кој ќе биде информирана за превземањето на готовите документи. Странката се информира за начинот на плаќање за извршената услуга.
  • Доколку врз основа на извршениот преглед на возилото од постапката се констатира дека постои целосна усогласеност со барањата за одобрување, Техничката служба издава Уверение за испитано возило (само при првичниот преглед) и Сертификат за одобрение за возило кое превезува соодветни опасни материи.
  • Во спротивно, доколку се констатира дека возилото не ги исполнува пропишаните барања, постапката привремено запира, а техничката служба до подносителот на барањето доставува известување за утврдените недостатоци и рок за нивно отстранување.

Првичниот преглед на возилото е во обем кој е во согласност со техничките барања од прописите, а истото се однесува и на садот (цистерната) на возилото.

Возилата кои превезуваат опасни материи е потребно да ја поседуваат првичната документација и да бидат соодветно означени и опремени за нивната намена.

Периодичните прегледи на возилата и садовите (цистерните) се спроведуваат во временски интервали и обем предвидени со прописите.

По позитивите наоди од периодичниот преглед сертификатот на возилото се продолжува за временски период предвиден со прописите.

Доколку на возилото или садот (цистерната) помеѓу два периодични прегледи се вршени преправки потребно е да се спроведе и меѓупреглед за одобрување на извршените преправки.



ЗАБЕЛЕШКА:

Целокупната постапка за одобрување на возила се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.

Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.

Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.